JAFES

НАЦИОНАЛЕН НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКИ ПРОЕКТ ОСВПААЕК 
финансиран од интегративните средства на УКИМ
 

НАСЛОВ: Определување на содржината на вкупни полифеноли и анализа на антиоксидансната активност на екстракти од кромид  

Главен истражувач: Проф д-р. Мирјана С. Јанкуловска, редовен професор на ФЗНХ

Резиме

Во последните години постои голем интерес за функционалните својства на овошјето и зеленчукот, како и нивниот придонес за здравјето на луѓето. Овошјето и зеленчукот се извор на голем број корисни хранливи состојки меѓу кои значајно место заземаат полифенолите. Полифеноли се органски соединенија кои природно се присутни во растителната храна. 

Тие се антиоксиданси, односно ги сврзуваат слободните радикали кои ги оштетуваат клетките и го зголемат ризикот од различни заболувања. 

Консумирањето на храна богата со полифеноли е од големо значење, бидејќи придонесува во превенција од различни заболувања. Истражувачите и преработувачите на храна сè повеќе се заинтересирани за идентификација и определување на полифенолите во свежа и преработена храна.

Еден од најбогатите извори на полифеноли во исхраната на човекот е кромидот (Allium cepa L.). Тој е еден од најстарите култивирани зеленчуци во светот, втор најпроизведуван зелечук после доматите. Флавонолите како што е кверцетин и неговите деривати се позастапени во сорти од кромид со жолти или кафени обвивни лушпи, додека антоцијаните кои придонесуваат за цвеновиолетовата боја се позастапени во сорти со црвени обвивни лушпи. Според податоците од литература присуството на полифеноли е поголемо во обвивните лушпи од кромидот. Поради тоа, во последно време актуелни се истражувањата за намалувањето на отпадот од кромидот кое може да се реши со користење на обвивните лушпи од кромидот во исхраната.

Квантитативното определување на полифенолите е отежнато поради комплексноста на нивната структура и разновидноста. 

Најпрво се избира погоден растворувач за екстракцијата на полифенолите, а потоа следи квантитативното определување на вкупни полифеноли, флавоноиди и антиоксидансна активност. 

За определување на содржината на вкупни полифеноли и флавоноиди, како и за определување на антиоксидансната активност најчесто користена метода е UV-Vis спектроскопијата. 

Определувањето на содржината на вкупни полифиноли и флавоноиди се изведува во однос на различни стандарди. 

Во истражувањето од овој проект како стандард за определување на вкупни полифеноли ќе се користи гална киселина (3,5,7-трихидроксибензоева киселина), додека содржината на флавоноиди ќе се определи во однос на кверцетин (3,3′,4′,5,7-пентахидрокси флавон). 

Aнтиоксидансната активност се заснова на употребата на стабилниот слободен радикал 1,1-дифенил-2-пикрилхидразил (DPPH). За интерпретација на експерименталните податоци ќе се користи параметарот IC50 (IC – inhibition capacity), односно концентрација на супстратот која ја намалува активноста на DPPH за 50 %. 

Утврдената методологија ќе може да се примени за определување на вкупни полифеноли и флавоноиди во други земјоделски култури. Добиените резултати ќе покажат која од популациите на кромид има најголема содржина на полифеноли што секако има влијание на нејзините квалитетни својства. 

Врз основа на тоа ќе се даде препорака за најдобра македонска локална популација кромид во однос на содржината на полифеноли и флавоноиди. 

Антиоксидансната активност се очекува да биде правопропорционална со содржината на полифеноли во екстрактите од кромидот. 

FORM

Are you ready to take the next step toward your future career?